еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Филипче сам за Велигден

Министерот за здравство Венко Филипче, кој по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој е позитивен на Ковид-19, се повлече во домашна изолација, информираше дека Велигден одлучил да го помине сам, изолиран од семејството, со цел да ги заштити најблиските.

“Секој од нас носи огромна одговорност и за тоа мора да сме сите свесни. Празничните собирања оваа година треба да изостанат. Тоа е инвестиција во најважното, во здравјето.

Тоа е единствениот начин со кој можеме сите како поединици да дадеме свој придонес во борбата со вирусот кој го смени животот на милиони луѓе ширум светот, изјави вчера Филипче.

Да се биде дома, порача Филипче, значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи и да се помогне на здравствените работници, кои овој празник ќе го поминат на работните места во борба за секој живот.

Кога отиде во домашна изолација тој изјави дека од анкетата со епидемиолозите било утврдено дека се мали шансите тој и неговите колеги кои присуствуваа на седницата на Кризниот штаб во Куманово да се заразиле со коронавирусот, бидејќи носеле заштитни маски.

Сепак, рече тој одлучил овие денови да работи од дома и да даде пример дека ова е начинот на кој треба да се постапува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриевски: Во ниту еден момент не загрозив ничие здравје, држевме дистанца

Тој потенцираше и дека не знаеле оти на некои од членовите на Штабот во Куманово им биле земени брисеви и оти чекаат резултати, но, како што посочи, поради тоа што знаеле дека одат во подрачје каде има поголем број заразени носеле соодветна заштитна опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем дел на возраст од 30 до 39 години, повеќе жени, детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Кај тројцата новопочинати од коронавирусот евидентирана хронична и здравствени состојби

Аларм: 194 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Коронавирусот во Македонија „влезе„ и во домовите за стари лица

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 39 лица од Ковид-19, најмногу од Скопје 16

Редакција

Кој сè е акционер во Жито Полог, кој го презеде Орка холдинг

Редакција

Општина Аеродром вработува, плата до 26.257 денари

Редакција