еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР: Дисциплинска одговорност за полицајците кои незаштитени приведоа момче со куче

Во однос на настанот што вчера околу 14,30 часот се случи на улицата „Антон Панов“ во Скопје, каде што од страна на полициски службеници беше затекнато и приведено лицето С.Б. од Скопје, по вклучувањето и на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, констатирано е дека лицето во посоченото време било надвор заедно со домашен миленик, спротивно на владината уредба и пропишаното време за прошетка на домашни миленици, така што согласно член 206 од КЗ на РСМ лицето било приведено во полициска станица, соопшти МВР.

„Исто така, констатирано е дека при превземање на службените мерки и дејствија полициските службеници работните задачи ги извршувале спротивно на Упатството за начинот на однесување на работниците во МВР во услови на прогласена вонредна состојба предизвикана од појавата на коронавирус и препораки со цел спречување на ширење на коронавирусот без пропишаната заштитна опрема.

Следствено на тоа, против полициските службеници кои превземале службени дејствија спротивно на пропишаните правила и прописи од страна на ОВККИПС иницирана е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Полицајци без маски во Скопје приведоа момче оти шетало куче во полициски час

МВР: Идентификувани 18 лица од „орото во Гевгелија“, ќе има казнени пријави

„Хитови“ од најдолгиот полициски час: Оро може, шетање куче не може

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени 500 акции од „Алкалоид“ за 4,2 милиони денари

Редакција

Кој е Александар Бајдевски, старо-новиот заменик министер за информатичко општество и администрација

Редакција

Ќе се врати оградата на зградата на Владата

Редакција