еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потврдени 41 нови случаи на заболени со корона вирусот, вкупниот број 1.300

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на заразени од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од нив, во Скопје се регистрирани 17, Куманово – 11, Прилеп – 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино – 1.

Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија.

“Во изминатото деноноќие направени се 649 теста и тоа преку Институтот за јавно здравје – 437, преку Ветеринарен фекултет – 23, Авицена – 20, Биотек – 49, Клиника „Жан Митрев“ – 90 и Систина со PCR метода – 30.

Досега во земјата се направени вкупно 13.649 тестирања на Ковид -19“, велат од Министерството.

Со новопотврдените 41 случаи, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид – 19 во Македонија изнесува 1.300.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Графикон) Импортирани 94 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија

Лекарска комора го осуди однесувањето на докторите од охридската болница кои не и пружија помош на стружанката со корона вирусот

Стоматолошка комора: Пломбирање заб не е итнo во време на корона вирусот 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сингапур ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе автоматизирана гранична контрола без пасоши

Редакција

Околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија

Редакција

Во Службен весник на Грција објавена одлуката за дозволен влез на македонските граѓани

Редакција