еМагазин
Image default
Убава приказна

Истражување на „Радио МОФ“: По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави

Кон крајот на март Лиса и Филипче заедно ја поминаа македонско-албанската граница. Без страв ги искачија шумските ридови на планината Кораб. Откако кратко се задржаа во Албанија, се упатија кон соседната планина Дешат, каде низ стрмните патеки повторно влегоа на македонска територија.

Намерно ги избегнуваа граничните премини, патиштата и било каква трага од човечка цивилизација. Сосема небитно им беше тоа што нивната територија ја делат две различни држави. На тој заеднички пат, најважно им беше да создадат поколение. Да го продолжат својот вид, пишува во своето истражување „Радио МОФ“.

Лиса и Филипче се два балкански риса од Националниот парк „Маврово“, во Северна Македонија. Но, нивната приказна е далеку од романса. Кога во неа се замешува човекот таа сè повеќе наликува на трагедија.

Покрај нив во светот се преостанати уште 40-тина единки балкански рис, распределени во три соседни држави каде заштитата на животната средина е релативно ниско на листата на државни приоритети. Токму активностите на луѓето го доведоа балканскиот рис на работ на изумирање.

Затоа, здружени организации од соседните Северна Македонија, Албанија и Косово се обединија како заштитници на оваа „голема мачка со мали шанси“, врежана на македонската петденарка, на раб на изумирање според Црвената листа на загрозени видови.

Целото истражување прочитајте го ОВДЕ.

фото: Радио МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворена нова продавница во ГТЦ: „Европа“ врти нова слатка страница во својата историја

Редакција

(Галерија) Мајка од Македонија го „освои“ Инстаграм: Фотографии од патувања со децата, низ цел свет

Силвана Жежова

Студентите на штипскиот Медицински факултет вклучени во вакцинирање на населението

Редакција