Во изминатите 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на Ковид-19, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје.
Денеска има пет излекувани пациенти.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 62 лица од кои девет се излекувани, три смртни случаи и 50 активни.
Во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес како што информира за МИА портпаролот, д-р Весна Неделковска Николова, на лекување има 19 пациенти од кои кај 16 е потврдено присуство на Ковид-19, а кај тројца пациенти се чекаат резултатите од земен брис.
Како што појасни д-р Неделковска Николова, сите пациенти во Инфективното одделение се во добра и стабилна здравствена состојба.
Добра вест е што од велешката болница денеска се испишани тројца излекувани пациенти од Ковид-19, а вчера биле испишани четворица, или за два дена од велешката болница се излекувани седум пациенти.
МИА/Фото: Општина Велес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Штип има повеќе излекувани отколку заразени со корона вирусот
Убава вест: Оздравени 36 пациенти, двајца на болничко и 34 на домашно лекување
Вкупно 1.326 заразени од корона вирусот: Нови 26 пациенти, најголем број во Скопје