еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за кобната сообраќајка меѓу двајцата моторџии на автопатот Велес-Гевгелија

На 24.04.2020 година околу 13,20 часот на автопатот Велес – Гевгелија на коловозната лента во правец од клучка „Смоквица“ кон клучка „Гевгелија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „сузуки 600“ без регистарски ознаки управуван од А. Ѓ. (35) од с.Робово-Струмица и моторцикл „сузуки 600 ГН-Р“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј. (22) од с.Добрејци-Струмица, информира МВР.

„Притоа констатирано е дека А.Ѓ со неговиот моторцикл слетал надвор од коловозната лента на десната страна, а другиот моторцикл управуван од Ј.Ј. слетал на крајната лева сообраќајна лента.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош излезено е на лице место и констатирана е смрт кај двајцата возачи.

Увид на лице место извршиле дежурен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телата на двајцата возачи се пренесени во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија кај Мрзенци: Две лица загинаа во судар меѓу мотоцикли

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс директорот на УЈП, Горан Трајковски влезе во Одборот на директори на Витаминка

Редакција

Јанкулоска се огласи за ослободувањето за “Тврдина“: Мора да се утврди кој го вршел прислушувањето

Редакција

Нови 225 заразени со Ковид-19 од 1.694 тестирања, во Скопје најмногу 96

Редакција