еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имаа 25 и 36 години: Детали за најмладите пациенти починати од коронавирусот во Македонија

Вчера беше соопштено дека поради компликации од коронавирусот во Македонија починаа уште две лица.

Со ова, бројката на починати од вирусот во земјава порасна на 59.

Еден од починатите е 25 годишно момче од Скопје, кое моментално е најмладиот пациент кој починал од Ковид-19 во Македонија.

Починало на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал вчера.

“Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија“, информираа од Министерството за здравство.

На Инфективната клиника во Скопје почина и пациент на 36 години од Гостивар.

Тој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка, информираа од Министерството.

Детали за причината за нивната смрт соопштија и од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од каде велат дека и двајцата имале симптоми, но и дека не биле во контакт со веќе потврден случај во државата.

„Кај починатите лица биле присутни симптоми и коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.) и истите биле хоспитализирани.

Немале историја на патување и не биле во контакт со веќе потврден случај во државата„, стои во анализата на податоците од страна на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Обезноста како ризик фактор беше и една од причините за смртта на 31 годишен пациент од Скопје пред неколку недели.

Претходно најмлад починат пациент од вирусот беше жена на 27 години, родилка, од Куманово. Таа роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Што е обезност?

Обезност или гојазност е состојба која многу често се среќава во денешно време. Таа треба многу сериозно да се сфати, бидејќи може да предизвика разни проблеми, како што се проблеми со срцето, дијабет, хипертензија, карцином и многу други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчест висока температура: 479 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Излекувани 38: 226 здравствени работници во Македонија заболени од коронавирусот

Повеќе се мажи: 46 лица од починати од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Повеќе жени: На возраст од 50-59 години се најмногу од новозаразените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 12 лица, најмладиот е на 32-годишна возраст, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Трговците нема да имаат загуби од ограничувањето на маржите, тврди Бектеши

Редакција

Студено време следните денови, од четврток локални врнежи претежно од снег

Редакција