еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почина родилката од Куманово заболена со коронавирусот, имаше само 27 години

Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години.

“Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.

Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката“, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

44-годишен кавадарчанец починал дома, посмртно бил земен брис и бил позитивен на корона вирусот

Вкупно заразени од корона вирусот 617 лица: Потврдени 18 нови случаи, најмногу во Скопје

Сите детали: 6 починати за 24 часа во Македонија, двајца имале контакт со потврден случај, еден неодамна патувал

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановската болница затвори едно од трите ковид одделенија, поради намален број на пациенти

Редакција

Захариева со нови обвинувања, на Бугарите во Македонија не им се признавало правото на самоопределување

Редакција

СЗО: Можно е зголемување за 55% на заболените од рак до 2040 година, повеќе ќе заболуваат мажите

Редакција