еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Прекрасна изведба на легендарната „Чукни во дрво“ од „реномирано друштво“ предводено од Влатко Стефановски

Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски артисти, меѓу кои: Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Алкесандар Митевски, Драган Спасов- Дац, Вера од Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“.

Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.

„Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно – здравје, среќа и љубов!“, соопшти МРТ.

Фото/Видео: Youtube/МРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва за изјавата на Бајден дека Путин е „воен злосторник“: „Неприфатлива и непростлива реторика“

Редакција

Скопски Аеродром има најмногу жители и најмладо население, во Македонија 205 населени места се празни

Редакција

Мицкоски се срами што го познава Џафери

Редакција