еМагазин
Image default
Бизнис

Бизнис-заедницата бара МВР да се грижи за носењето на лична заштита на работниците, а не компаниите

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) реагира на Уредбата на Владата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од корона вирусот и заштита на населението за време на вонредна состојба.

„Обврската според член 3 од Уредбата со законска сила за компаниите да се грижат за однесувањето на граѓаните во однос на носење заштитни маски, е дополнителен товар што ниту еден бизнис не може да го носи, а во тој случај се загрозени сите бизниси, особено тие микро и мали, кои се уште повеќе загрозени во овој период на пандемија.

Одговорни за однесувањето и дисциплината на луѓето треба да бидат органите за одржување на редот, а не бизнисите, односно нивните сопственици или директори,“ се вели во реакцијата на СКСЗ.

Од таму повикуваат на усогласеност со член 4 од Уредбата со законска сила, обврската за надгледување на спроведувањето на одредбите од овој акт да спаѓа во надлежност на Министерството за внатрешни работи, а не на товар на компаниите, со цел да се минимизира можноста за казнување на компании што се единствениот извор на приходи на државата во овој период на криза.

„Апелираме до релевантните институции пред да се донесе каква било одлука, однапред да се консултираат претставниците на бизнисот, односно стопанските комори, со цел да се обезбеди разумност на тие одлуки и практично спроведување на истите, како и да се избегнат евентуалните колатерални штети што може доаѓаат како резултат на нивното донесување,“ се додава во соопштението на СКСЗМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Азески: Проблеми со ликвидноста кон средината на мај, а со извозот во почетокот на јуни

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз и ќе ни испорача пченица, пченка, брашно и масло за јадење

Редакција

Министерството за одбрана склучи договор со „ЕМ груп електрометал“ вреден 475,9 илјади евра

Редакција

Македонија осигурување Виена иншуренс груп со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција