еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинител наредил да се испита Ковид-19 кај починат тетовец

Тетовската полиција соопшти дека откако кај нив е пријавена смрт на 76 годишник во неговиот дом, по наредба на јавен обвинител е земен брис од починатиот за испитување на Ковид-19. Тетовецот починал вчера околу 19 часот.

– Во СВР Тетово вчера 26 април во 19 часот и 20 минути, Н.Ј.(42) од Тетово пријавила дека околу 18 часот и 50 минути починал М.П.(76) од Тетово.

По наредба на Јавен обвинител земен му е брис за испитување од „Ковид-19“, информира денеска СВР Тетово.

Eвиденцијата на тетовската полиција по однос на забраната за движење покажува дека на тетовското подрачје пет лица не ја почитувале забраната за движење, поради што биле лишени од слобода.

Против петмината ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Во изминатото деноноќие 22 лица од тетовскиот регион потпишале изјави за самоизолација.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Прилеп вкупно 29 лица излекувани од коронавирусот

Убава вест: Во Дебар уште само едно лице од заразените на домашно лекување

Починаа четворца пациенти заразени од корона вирусот, вкупната бројка достигна 65

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи

Редакција

Од Ковид-19 починаа 31 лице, двајца имале по 43, еден пациент 42 години

Редакција

Прв случај на коронавирусот во Пехчево, градоначалникот повика да не се шири паника и дезинформации

Редакција