еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче излегува од изолација: И вториот тест за корона вирусот е негативен

Министерството за здравство информира дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство Венко Филипче е негативен на коронавирусот.

„Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на Ковид-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот.

Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик.

Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно.

Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со корона вирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката“, потенцира министерот Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Енигма што прават Спасовски и Филипче во изолација

Министерот Венко Филипче нема корона вирус, останува во самоизолација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во првите два дена од пописот, попишани 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови

Редакција

„Миле издржи и мене не ми е лесно“: Твитер реакции за фотографијата на Груевски од бизнис забава во Будимпешта

Редакција

Телото на Стефановски денеска беше кремирано: Студентите започнале петиција една од зградите на Универзитетот во Кент да го носи неговото име

Редакција