еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Учениците нема да се вратат во училишните клупи: Се укинува и матурата и завршниот испит

Министерот за образование Арбер Адеми на својот фејсбук-профил објави дека се укинуваат државната и училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година.

Адеми посочи дека, на денешната седница, Владата усвоила сет образовни мерки со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно – образовниот систем.

– Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година, а тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома.

Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни, а исто така се уредуваат и уписите на високообразовните установи, посочува Адеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 16 лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.109

Редакција

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 30 лица

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Општата болница Струмица за набавка на масло за греење вреден 196.000 евра

Редакција