На 05.05.2020 во 15.33 часот во СВР Скопје, С.Н.(47) од Скопје пријавила дека околу 13.40 часот, додека извршувала работни задачи како обезбедување во Управа за матични книги на ул.„Кеј 13 Ноември“, била физички нападната од едно лице, информира МВР.
С.Н. била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.