еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Живеев со баба-цимер: Маријан Ѓорѓиевски во „Еден на Еден“

Како изгледа тоа кога стендап се прави на пазар, меѓу тезги, или пак на пауза на турнир на мал фудбал, знае стендап комичарот Маријан Ѓорѓиевски.

Маријан ќе биде гостин во новата „Еден на Еден“ кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5. Оваа емисија е снимена во студио, уште пред да започне пандемијата поради коронавирусот, и ќе се емитува во време кога на сите ни е потребно смеење и добро расположение.

Битолскиот актер ќе раскаже и времето кога за првпат дошол да живее во Скопје и цимерка му била една постара госпоѓа. Една од интересните негови приказни е искуството од патувањето во Уганда. Со Маријан никогаш не е здодевно, а дел од она што ќе го гледаме во недела, погледнете во приказната за бабата-цимер:

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојранскиот „Д-фест“ ќе се одржи на 22 август

Редакција

Поточиња 2020 на 21. и 22. март во Македонска Опера и Балет

Редакција

(Видео) „Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески, последната нумера од „Македонијо во срце те носиме“

Редакција