еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Аудио) Четири “бомби“ и за Заев

Денеска на Јутјуб каналот Bosko Buha се објавени четири „бомби“ за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во аудио снимките се зборува за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Орце Камчев, Зекир Бекири Чауш, ВМРО-ДПМНЕ, Сорос…

Аудио снимките можете да ги слушнете ОВДЕ.

По објавувањето на материјалите, на Фејсбук се огласи Заев:

‘После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата.

Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови. 😉“, напиша тој.

Се огласија и од неговата партија:

“Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и СДСМ.

Во аудио разговорите, претседателот Заев категорично потврдува дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО.

Разговорите потврдуваат дека граѓанскиот сектор е најсилниот поддржувач на правдата, на борбата против режимот и концептот едно општество за сите. Тоа се политиките кои ги поддржува граѓанскиот сектор, наспроти политиките на поделби, национализам и криминал и тоа е една од најголемите болки на режимското ДПМНЕ.

Конечно, нелегално снимениот разговор покажува дека нема спас за криминалните тајкуни на ВМРО ДПМНЕ и дека одговорност за секој што го прекршил законот ќе има“.

Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ:

‘Гледаме дека од СДСМ се чудат кој ги пуштил денешниве разговори и тука не можеме да им помогнеме, ама можеме од истите да го препознаеме гласот на нивниот лидер Заев како го пцуе и навредува својот народ.

Вредно е да се напомене и дека Заев го контролирал студентското движење чувме што мисли за шарените, но добро е и да знаат албанците што мисли тој за Али Ахмети.

Исто така е добро и да чујат тој извесен Ацко, Костадинов, па и средношколецот Забарчанец како ги пцуе нив и целиот народ. Е тој човек за жал ја води државата“.

Вчера беа објавени четири „бомби“ за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимките за Мицкоски најава дека ќе се пукаат „бомби“ на сите страни

(АУДИО) Објавени „бомби“ за Мицкоски и Кичеец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млади математичари од Македонија освоија четири медали на Интернационална математичка олимпијада

Редакција

310 се реинфекции: Рекордни 2.269 нови случаи на Ковид-19 од 7.038 тестирања

Редакција

Изречени 395 казни за неносење маска

Редакција