Крушево можеби е подзаборавена дестинација, но вреди да потсетиме да се посети. Градот е убав и на лето и на зима, а имајќи предвид дека следува период со високи летни температури, тогаш е идеална дестинација за бегство од горештините.
Крушевчани се гостопримливи луѓе, а специјалитетите како познатиот крушевски локум, домашните колбаси влегуваат во специфичната гастрономска понуда на градот.
Крушево нуди и патеки за пешачење, па доколку сте љубител на природата имате одлична можност да планинарите или возите велосипед. На лето се случуваат и голем број на аутдор активности, па можеби ќе бидете сведок на прекрасната глетка на шаренило од параглајдери над крушевското небо.
Во околината е и манастирот на Тоше, како и Музејот посветен на неговото творештво, кои вреди да се посетат. Време за посета на Мечкин Камен не е само Илинден, па оттука, добро е да се појде и до ова место.
За жал, градот е неправедно запоставено туристичко место, но затоа ова лето имате одлична можност да го посетите. Има голема понуда на приватно сместување во апартмани како и во хотелот Монтана.
„еМагазин“ следниот период, како и до сега, ќе дава предлози за посета на убави ресторани, хотели, апартмани и дестинации низ Македонија, се со цел промоција на домашниот туристички потенцијал и за полесно да се преброди кризата која настана со корона вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Предлог-место за посета по завршување на кризата со коронавирусот: „Бел рај“ Миравци
(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Плажа Оревче
(Фото) Маврово, предлог-место за посета по кризата со коронавирусот
(Галерија) По корона кризата, предлог-место за посета во нашата држава: Етно-куќа Благибог, Мариово
Фото: Visitmacedonia.today/Општина Крушево