еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќето жени, 10 лица со претходни заболувања, детали за новите случаи на коронавирусот во Македонија

Од Министерството за здравство вчера информираа за 17 нови случаи на заразени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 460 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 17.

Потврдените случаи се од 6 градови.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 10  женски и 7 машки лица.

Регистрирани се 9 хоспитализирани лица.

Кај 10 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 7 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без симптоми бил еден од новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Едно лице позитивно на коронавирусот: Тестирани 225 вработени во градинки во Скопје и Битола

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега ревакцинирани 54.600 граѓани

Редакција

Мијалков не знае каде е Груевски

Редакција

На обвинетиот за железничката несреќа му се заканува доживотен затвор, 20 минути бил одговорен за за безбедноста на цела централна Грција

Редакција