еМагазин
Image default
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 39 лица, приведени 30

Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 39 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски, евидентирани се 28 лица што ја прекршиле оваа мерка.

За последните 24 часа на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Ковачевски во работна посета на САД: Со кој се ќе се сретне

Редакција

„Немам никакво учество, активитет или улога во партијата“: Гордан Георгиев се огласи за шпекулациите дека ќе биде нов лидер на СДСМ

Редакција