еМагазин
Image default
Бизнис

Јовановиќ: Од „Викенд без ДДВ“ многу повеќе корист ќе имаат побогатите

Бранимир Јовановиќ, советникот на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски, на својот Фејсбук профил ја искоментира една од новите мерки на Владата за „корона“ кризата.

“„Викенд без ДДВ“ е многу лоша мерка, по повеќе основи.

Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.

Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.

Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.

Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.

Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со „викенд без ДДВ“ ќе се поттикнува продажба на облека, бела техника, мебел…

Сите детали за новите мерки: Државата ќе дава бескаматни кредити, поевтина нафта, пари за нови винарии и фарми…

Фото: Фејсбук/Јовановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот ја „скастри“ добивката на „Оилко“

Редакција

68. компании кои котираат на Македонската берза лани со добивка, 21. со загуба

Редакција

Многу даноци, многу нејаснотии: УЈП со брошури ги запознава граѓаните со оданочувањето

Редакција