еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Поклонението на гробот на Св.Кирил одложено за втората половина од годината

Чествувањето на гробот на Св.Кирил, кој се наоѓа во базиликата „Св. Климент“ во Рим, годинава е одложено поради пандемијата со корона вирусот.

Поклонението на државно-централната делегација на гробот е одложено за втората половина на годината.

Во последните години, одбележувањето беше заедничко со Бугарија, но овојпат македонскиот претседател Стево Пендаровски и бугарскиот Румен Радев решија да ја откажат посетата на Рим и Ватикан, а чествувањето да го одложат за втората половина од годинава кога условите ќе го овозможат тоа.

Чествувањето првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Традиционално, 24 мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во Македонија и неработен ден за сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како браќата Кирили и Методиј го бранеле словенскиот јазик: Зар сонцето не свети за сите исто

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште еден фемицид поради непостапување на институциите, реагираат за убиството на жената од Кочани од Платформата за родова еднаквост

Редакција

Времето денеска сончево и потопло, со слаб ветер од југоисточен правец

Редакција

Анализа: Во сообраќајни несреќи по нашите патишта, животот го губат 158 лица годишно

Редакција