Македонски државјанин е уапсен вчера во Киев, Украина поради обид за убиство на Црногорец за кој украинската полиција смета дека е еден од водачите на нарко-картелите кои ја снабдуваат Европа со дрога.
Полицијата соопшти дека во трочлената банда убијци освен Македонецот учествувале и Србин и Црногорец.
Тие пристигнале во Украина на почетокот на мај, се обезбедиле со превозни средства, оружје и почнале да ја следат жртвата и неговото семејство.
Трочлената банда откако избрала дата за напад, го чекале Црногорецот пред неговата куќа и пукале пет пати во него, по што избегале со автомобил.
Потоа го запалиле автомобилот за да ги уништат доказите. Сепак, полицијата користејќи безбедносни камери ја детектирала рутата на движење на криминалците, успеала да ги пронајде и да ги приведе.
Црногорецот кој бил мета го преживеал нападот и се наоѓа во болница.
Фото: Фејсбук: Полиција на Украина