Во услови кога Македонската пошта (АД Пошта на Северна Македонија) тоне во наталожени загуби тешки повеќе од 10 милиони евра, се трошат пари договори за менаџерско осигурување, утврдиле од Државниот завод за ревизија по контролата на работењето на поштата.
Ревизорите откриваат дека од 2012 година заклучно со крајот на 2018 година, поштата има акумулирано загуба од 594 милиони денари или околу 10 милиони евра, а само во 2018 година загубата изнесувала 166 милиони денари.
И покрај ваквата состојба била донесена одлука за склучување договори за менаџерско осигурување.
„Износот на искажаната загуба укажува на фактот дека финансиската сосотјба на друштвото е значитено влошена, па поради тоа произлегува дека и трошоците од склучување на менаџерско осигурување во такви услови не би биле целисходни.
Но и покрај тоа, Надзорниот одбор одобрил склучување договори и полиси за осигурување за периодор од 01.04.2018 до 01.04.2019 година. Од страна на осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура од 2,7 милиони денари, која е платена“, пишува во извештајот.
Ревизорите укажуваат дека во услови да не се случат договорените случаи на осигурани настани, платениот износ на премијата за осигурување се исплатува на сметка на осигурениците наместо на сметка на Поштата која ја платила премијата за осигурување.
Целиот извештај ТУКА.