еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се огласи разрешениот Реис Реџепи, спремен бил да одговара и пред законот

Се огласи Реисот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, кој пред неколку дена го прогласи корона вирусот за мртов, по што беше разрешен.

Во писмото до јавноста тој вели дека се повлекува со неотповиклива оставка од функцијата, и посочува дека за неговата работа единствено одговара пред Бога, но бил спремен да одговара и пред законот.

„Последните денови во јавноста се пласираа редица дезинформации и се одвиваше кампања што јас ја сметам за нецивилизирана, а која што се однесуваше на мојата личност при што се нанесоа сомнежи на мојата активност и ангажирање на чело на ИВЗ во РСМ.

Како верски водач и човек, длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања, но во ниту еден момент не го оспорив правото на кој било да го изнесе своето мислење и став, свесен и уверен дека единствениот и конечен судија за делата на секој човек е и ќе биде секогаш единствениот семоќниот Алах“, пишува меѓудругото Реџепи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИВЗ го разреши Реисот Сулејман Реџепи

Реисот Реџепи: Ковид-19 го победивме и од овој момент можам да го прогласам за мртов еднаш засекогаш

„Св. Ѓорѓија ја уби ламјата, Реисот ја уби короната„: Твитер реакции

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.347 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

На азилантот Груевски за „Траекторија“ ќе му се суди во отсуство

Редакција

Четириесет лица кои влегле преку Деве Баир однесени во карантин

Редакција