Во Скопје вчера беа регистрирани 59 нови случаи на заразени со Ковид-19.
Според обработените податоци кои еМагазин синоќа ги доби од Министерството за здравство, најмногу новозаразени има Чаир, 11, следи Центар со 10, Бутел со 9, Аеродром и Гази Баба со по 5, Кисела Вода и Сарај по 3, Карпош 2, Петровец, Ѓорче Петров и Шуто Оризари со по 1.
Податоците кои ги добивме од Министерството не се комплетни.
Арбен Зибери, директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, пак синоќа за Топ Тема на телевизијата Телма рече дека во Чаир има 12 новозаразени, а во Бутел 10, а новозаразен има и во Студеничани.
Три лица според него пак не пријавиле адреси.
Во Скопје заклучно со вчерашните податоци има 396 активни случаи, а досега вкупно се регистрирани 987 случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15 фамилии го ставија Скопје во карантин
“Не можеш по Чаир, удри по Скопје„: Твитер реакции за враќањето на полицискиот час
Фото: Град Скопје