еМагазин
Image default
Македонија

Осум нови заразени од корона вирусот во гостиварско

Со последните 24 тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, откриени се осум нови случаи.

Од новоокриените два се во Гостивар, а шест во општина Врапчиште.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, два се регистрирани во селото Добри Дол, четири во Неготино Полошко, а два се во градот.

До денеска на поширокото гостиварско подрачје има дваесет активни случаи (девет во општина Гостивар и 11 во општина Врапчиште). Во најмалубројната општина Маврово и Ростуше изминатава недела нема регистриран заболен и нема активни случаи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 438 тестирања, а од нив 41 лице имаа позитивни резултати. Најмногу се во општина Врапчиште 20, во Гостивар 19 и 2 во Маврово Ростуше. Досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица.

Од последици на Ковид -19 во гостиварско починаа три лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу во Чаир, Центар и Бутел: Во кои скопски општини се новите случаи на заразени со корона вирусот

Инфектологот Каламарас: Персоналот почна да се разболува од корона вирусот, со вашите теории на заговор ќе го убиете па лечете се сами

Дури 42,7% од граѓаните сметаат дека корона вирусот намерно е пуштен од лабораторија

Истражување: Македонците позагрижени за корона вирусот отколку Албанците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 57 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Дојава за бомба и во основно училиште во Кавадарци

Редакција

Масовната вакцинација ќе почне во април, а дел ќе се спроведува и во салата „Борис Трајковски, најави Филипче

Редакција