еМагазин
Image default
Македонија

Дури 42,7% од граѓаните сметаат дека корона вирусот намерно е пуштен од лабораторија

Вкупно 42,7% од граѓаните, водејќи се од она што до сега го чуле или виделе, сметаат дека корона вирусот (Ковид-19) е излезен од лабораторија со намера, од нив 6% сметаат дека вирусот е излезен од лабораторија, но по грешка, покажува истражувањето на МЦМС и М-проспект.

Понатаму, 22,6 % од граѓаните не знаат како се појавил вирусот, 19% сметаат дека вирусот е природно појавен, а 10,3% сметаат дека вирусот не ни постои.

За мал дел од граѓаните појавата на вирусот е поврзана со воспоставување на 5Г мрежи во светот (4,9%).

Врз одговорите на ова прашање влијание имала етничката припадност на испитаниците. Па така, 41,8% од етничките Македонци (16,9 процентни поени повеќе од етничките Албанци), сметаат дека корона вирусот е направен во лабораторија.

За разлика од нив, 24,9% од етничките Албанци сметаат дека вирусот не ни постои (19,2 процентни поени повеќе од етничките Македонци).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување: Македонците позагрижени за корона вирусот отколку Албанците

Инфектологот Каламарас: Персоналот почна да се разболува од корона вирусот, со вашите теории на заговор ќе го убиете па лечете се сами

Еден од новопочинатите од корона вирусот немал контакт со потврден случај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

32% од заболените со Ковид-19 во Македонија имале контакт со потврден случај

Редакција

На Табановце запленети 1.000 антиген тестови за Ковид-19

Редакција

Зоран Ангеловски ќе биде директор на ОТА

Редакција