еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чаир прв во Македонија по активни случаи на Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Скопје моментално има 844 активни случаи на заразени со Ковид-19.

Скопската општина Чаир е неприкосновен лидер по бројот на активни случаи не само во Скопје, туку и на национално ниво. Има повеќе активни случаи и од Штип (186), Тетово (145) и Куманово (155), општини каде има најмногу активни случаи.

Треба да се напомене и дека овие градски општини (Штип, Куманово и Тетово) во нивната вкупна пресметка на бројот на активни случаи опфаќаат и плус бројки од неколку рурални општини.

Вака изгледа бројот на заразени по скопските општини: Чаир 214, Гази Баба 79, Аеродром 78, Бутел 76, Центар 75, Карпош 71, Сарај 65, Кисела Вода 43, Ѓорче Петров 35, Шуто Оризари 26, Студеничани 24, Арачиново 24, Илинден 19, Петровец 6, Чучер Сандево 4, Сопиште 3, странец 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу новозаразените со Ковид-19 регистриран и еден импортиран случај, 37,1% имале контакт со потврден случај

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 во Тетово и тетовско

Со Ковид-19 заболени вкупно 338 здравствени работници во Македонија, излекувани 249

Фото: Град Скопје/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Матичните лекари веќе може да препишуваат терапија за притисок, шеќер, астма, проблеми со штитната жлезда

Редакција

Гази Баба го надмина Аеродром: Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Можно ли е со тајно гласање да се протнат уставните измени за промена на името?

Редакција