еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР секој ден регистрира лица кои не ја почитуваат мерката за изолација, ќе одат ли во карантин?

Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневните извештаи секојдневно регистрира по неколку лица кои не ги почитуваат мерките за самоизолација и изолација.

Во последниот извештај на МВР дури четири лица не ја почитувале мерката за изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири лица не не ја почитувале мерката за изолација, 633 прекршоци за неносење заштитна маска

За сега нема информација од МВР, дали некое од овие лица на своја сметка завршило во карантин, како што предвидува неодамна донесената владина Уредба со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба.

„Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови (домашна самоизолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена, во објекти определени од Владата, за што Министерството за внатрешни работи донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на тоа лице,“ информираа од Владата, кога истата беше донесена.

Министерот за здравство, Венко Филипче, пак пред неколку дена најави дека имињата на лицата кои одбиваат да го примат решението за самоизолација ќе бидат јавно објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како ќе се изјаснат партиите на Албанците: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ прифатлива за СДСМ, ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз

Редакција

Алијансата за Албанците и Алтернатива официјално во коалиција под слоганот „Државата за сите”

Редакција

Од ДУИ не исклучуваат предвремени избори, од СДСМ најавуваат наскоро обелоденување на одлуката

Редакција