еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Хаос во Будва: Специјалци го уапсија градоначалникот и уште неколку локални функционери

Црногорската полиција утринава ги уапси градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ, претседателот на општинското собрание Крсто Радовиќ и уште неколку локални функционери.

Тие биле уапсени откако претходно не бил дозволен влез на Управната инспекција во просториите на Општината Будва.

Во градот е тензично, а црногорските медиуми пренесуваат дека причина за хаосот е промена на локалната власт односно нејзинотo преземање од страна на мнозинство предводено од Демократската социјалистичка партија на Мило Ѓукановиќ.

Седницата на која бил формирано ново Собрание на локалната самоуправа во градот се одржала во хотел бидејќи не бил дозволен влез во општинската зграда.

Прва одлука на новото Собрание била да се „намали“ раководството на општината почнувајќи од нејзиниот градоначалник.

Фото/Видео: Youtube/RTV Budva

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој дојде на приемот на Ковачевски за “отпочнување на преговорите“ со ЕУ

Редакција

(Фото) Воената морнарица во Лисабон со плотуни го поздрави доаѓањето на Шекеринска: Македонија и Португалија за првпат почнуваат соработка во одбраната

Редакција

(Видео) Нова верзија на „Заветна“ во изведба на Игор Џамбазов и Игор Атанасоски-Харе

Редакција