еМагазин
Image default
Македонија

Новозаразените со Ковид-19 во Дебар се на 20 до 30-годишна возраст

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука на денешната-прес конференција, одржана по средбата со општинскиот Оперативен штаб со кој раководи тој, епидемиолошката состтојба ја оцени како алармантна.

– Според информациите добиени од единицата за јавно здравје, состојбата со Ковид-19 ја оценивме како алармантна затоа што имаме голем број на ифицирани, а според пороценките на надлежните се очекува да има и други.

Од петти овој месец до вчера регистрирани се 12 новозаразени. Од нив првозаразениот е веќе излекуван, еден болнички се лекува во болницата „Осми септември“ во Скопје, додека 10 се лекуваат во домашни услови. Во самоизолација се осумдесеттина лица, рече Дука.

Она што посебно загрижува, додаде тој, е фактот што новозаразените се млади лица од 20 до 30-годишна возраст.

Посочи дека се очекуваат резултати од 40 земени брисеви, како и за еден вработен од детската градинка, каде од 69 земени брисеви 68 се негативни.

-Зголемување на бројот на новозаразените, според нашата оценка е олеснувањето на рестриктивните мерки, непочитувањето на протоколите за работа посебно во кафулињата и рестораните, движењето по маркетите, како и во други инситуции, особено во банките, поштата… каде се забележуваат големи групи на граѓани.

Доколку не се почитуваат препораките за заштита тогаш кај нас се очекува зголемен број на новозаразени, рече Дука.

Додаде дека Општата болница е подготвена за прием на евентуално нови болни и оти од Министертвото за здравство е доставен е апарат за кислород, како и 20 кревети.

-Безбедносната состојба е мирна. Единствено не загрижуваат неофицијалните информации дека лицата кои треба да се во самоизолација или оние на кои им се земени тестови за Ковид-19 или се веќе потврдени, слободно се шетаат низ градот. Апелирам до сите строго да ги почитуваат препораките зашто успешноста на битката со коронавирусот зависи од совесноста на нас самите, порача Дука.

Тој рече дека доколку некој забележи вакво нешто може да се јави на телефонскиот број 834-100 или во полициската станица.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови четири фамилјарни кластери на заболени од Ковид-19 во Тетово

Во Куманово девет новозаболени од Ковид-19, во Липково двајца

Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Џафери му ја врати инцијативата за собирање потписи за пописот на Мицкоски оти не користел Северна Македонија

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, смета Ковачевски

Редакција