еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Корона вирусот продолжува да се шири низ Ресен

Во Ресен, според последните податоци на Министерството за здравство, вчера беа регистрирани нови 8 лица заразени со Ковид-19.

Со тоа вкупниот број на заразени се искачи на 57, од кои активни се 56 случаи, а малата општина има вкупно повеќе случаи на заразени со корона вирусот од неколку поголеми градски општини.

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција пред неколку дена рече дека лицата се заразиле на семејна прослава и дека станува збор за еден кластер.

Кластерот доби и кодно име “Куќна слава Ресен“, а директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова пред неколку информираше дека од истиот има 31 позитивен и повеќе од 70 контакти.

Поради новонастаната ситуација во Ресен беа затворени неколку големи компании, по одлуката на тамошниот Кризен штаб вработените да не одат на работа извесно време, додека ситуацијата не се стабилизира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир убедливо прв во Македонија по бројот на активни случаи на Ковид-19

Корона вирусот се врати во Дебар

Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Монструм“, „Маџар Телеком“ и „Т.Н.Т.“

Редакција

Малолетничка тепана и продавана за секс, уапсени пет лица

Редакција

Вистинска пролет: Денеска времето сончево и топло со температура до 24 степени

Редакција