МВР потврди дека денеса во 03.40 часот било пријавено оти на ул. „Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнала детонација.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на Фејсбук соопшти дека се работи за пекара не неговото семејство.
– По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа.
Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.