еМагазин
Image default
Локално

Приведен скопјанец кој во „порше каен“ превезувал 12 мигранти

На 21.06.2020 околу 11,10 часот во близина на бензинската пумпа на магистрален пат Овче Поле-Велес, кај место викано „Делисиска пруга“ полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле Љ.А.(26) од Скопје кој управувал патничко моторно возило „порше-каен“ со скопски регистарски ознаки во кое превезувал 12 лица-мигранти од Бангладеш, информира МВР.

Мигрантите се сместни во ПТЦ „Винојуг“ за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Свети Николе.

По целосно документирање на случајот против Љ.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожарникар во Охрид претепал двајца колеги

Редакција

Татко од Бутел психички и физички ја малтретирал неговата малолетна ќерка

Редакција

Здравствените установи ќе работат без прекин за време на министерскиот Самит на ОБСЕ

Редакција