еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски за новата „бомба“: Нема ништо криминално во објавениот приватен разговор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за МИА изјави дека нема ништо криминално во разговорот што денеска е објавен на интернет во којшто се имплицира дека тој се среќавал со бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ додека тој бил под ПИ – мерки.

За него, како што вели, е чудно што објавувањето на овој приватен разговор доаѓа само ден откако еден од адвокатите во случајот „Рекет“ пријави закани за ликвидација на неговиот клиент.

„Тоа е истиот оној разговор што веќе беше објавен. Претпоставувам дека има уште еден дел што не верувам дека им одговара да го објават. Уште ова е тоа што излезе. Таму нема ништо криминално, нема ништо инкриминирачки.

Ете ниски страсти, еден приватен разговор. Да, сум бил во болницата, и деновиве одам во болница, да не се мачат да пуштат разговори бидејќи таму е мојата мајка, ја посетувам, така што нека снимаат тие, нека следат, изјави денеска Мицкоски.

МИА/Фото:Фејсбук/Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Аудио) „Рекет“ објави нова „бомба“ со Мицкоски и Кичеец

(АУДИО) „Добар човек“ објави 11 „бомби“ за „Рекет“

„Пукнаа“ две предизборни „бомби“ поврзани со „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судски Совет избра 25 нови судии во пет основни судови и во Основен кривичен суд Скопје

Редакција

Од Ковид-19 починаа 11 лица, најмладиот пациент имал 35 години

Редакција

Зошто Велигден не е секоја година на ист ден: Како се пресметува датумот

Редакција