Во Македонија веќе стана секојдневие во зависност од политичките потреби да се објавуваат аудио и видео снимки од актуелни и поранешни функционери, видни партиски поединци или бизнисмени.
Ваквите трендови почнаа да се засилуваат со почетокот на предизборната кампања. Сведоци сме дека освен средбите со граѓаните и вообичаените партиски каравани, оваа кампања ќе се игра валкано од условно кажано двете страни.
Тие очигледно се добро подготвени и наоружани со аудио и видео снимки односно таканаречените „бомби“.
Но, по реакциите на македонските граѓани може лесно да се заклучи дека тие веќе отрпнаа на објавата на „бомбите“.
Освен тоа што во нив нема „сочна содржина“, голем придонес за игнорирањето и индиферентноста кон „бомбите“ има фијаското што се случи со Специјалното јавно обвинителство, чии случаи беа базирани токму на содржината од прислушуваните разговори. Епилог има само за неколку од покренатите постапки и тоа најчесто за лица кои не се достапни да си ја отслужат казната.
Сега, прашање е дали во арсеналот „бомби“ кои очигледно ги поседува „кој стигне“ воопшто има „тешки“ содржини кои би имале влијание врз јавното мислење и кои евентуално би се чувале за крајот на кампањата за да имаат што поголем ефект врз гласачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Аудио) Објавени две нови „бомби“: Како се извлекувале милиони од Македонија
(Аудио) „Рекет“ објави нова „бомба“ со Мицкоски и Кичеец
(Видео) „Лепливи раце“ објави нова „бомба“: Ден Дончев снимен како зема пари