еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За еден месец Македонија има над 3.000 новозаразени со корона вирусот

Заклучно со вчерашните податоци вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 6.080, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479.

Пред еден месец, на 28. мај во Македонија имало 470 активни случаи, што значи дека бројот на новозаразени од Ковид-19 за овој период пораснал за 3.009 случаи.

Најмногу активни случаи има во Скопје, 1.978, каде рекордер не само на ниво на Град Скопје, туку и на национално ниво е Чаир, следува Тетово со 367 активни случаи, па Куманово со 283 и Штип со 176.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Другите земји се враќаат во нормала, ние немаме каде да се вратиме“: Твитер реакции за растот на случаи со корона вирусот

Ресен се ближи до бројката од 100 заразени со корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Условна казна затвор за коментар со омраза напишан на Фејсбук страната на ЗНМ

Редакција

(ВИДЕО) Кој е Васил Гарванлиев, македонскиот преставник за Евровизија кој ја разбранува јавноста

Редакција

Ферид Мухиќ: За евтиниот трик на ЕУ и Бугарија, Владата не може да донесе одлука без референдум

Редакција