Грција има цел да се придржува кон каталогот составен од ЕУ за влез на патници од трети земји, додека до 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, по состанокот што Кирјакос Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во пресрет на отворањето на туризмот на 1 јули, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис посочил дека „целиот процес на отворање е динамичен и континуирано ќе се оценуваат податоците“.
Станало збор за начините на кои ќе се спроведува тестирањето на посетителите, за протоколите, како и за задолжителната обврска на туристите, 48 часа пред пристигнувањето во Грција да го имаат пополнето специјалниот образец.
Заедничка констатација, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, било дека е направена правилна подготовка на сите нивоа, за да постои максимална безбедност и за посетителите и за локалното население.
На состанокот присуствувале министрите за здравство, за туризам, за дигитална политика, за поморство и островска политика, замениците-министри за здравство, цивилна заштита, за координација на работата на владата, како и претседателот на Националната организација за јавно здравје и професорот епидемиолог надлежен за Ковид-19.
МИА/Фото: МВР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка дебата во ЕУ: Утре ќе се знае дали Грција ќе дозволи влез за македонски граѓани
Грција во среда го отвора преминот Евзони на границата со Македонија
Како да го пополните формуларот за влез во Грција
Сите детали: Грција ги објави протоколите за влез на странски туристи