еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ленче Ристоска со емотивна порака за последниот работен ден на вработените во СЈО

Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија, напиша на социјалните мрежи обвинителката и поранешна портпаролка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Ленче Ристоска, по повод последниот рaботен ден на вработените во СЈО.

„Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вели: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сè не делевме, имаше периоди кога почесто бев на работа од дома“. И така беше“, напиша синоќа Ристоска.

За неа СЈО, како што посочува, било симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост.

„Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет“, пишува обвинителката Ристоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставниот суд пресече: Нема пари за вработените во СЈО

Јанева на судењето за „Рекет“: Со Бојан Јовановски не разговаравме за СЈО, туку за модата и љубовта

Надоместоците во СЈО под лупа на државните ревизори

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државната матура во законскиот рок во јуни, испитните програми ќе бидат со скратени содржини

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 81 пациент, а вкупно се лекуваaт 613

Редакција

Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија до 31 јули

Редакција