еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Донор од Македонија дарувал матични клетки за непознат пациент од Бугарија за трансплантација на коскена срцевина

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена се спроведе колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен донор од Македонија кој дарувал за непознат пациент од Република Бугарија.

Донорот врз основа на ХЛА компатибилноста е избран од македонскиот Регистар на донори на матични клетки при Институт за имунобиологија и хумана генетика, кој е дел од светскиот Регистрар на донори.

„Ова е третпат како донор од Северна Македонија дарува за пациент од друга земја. Клетките се користат за трансплантација на коскена срцевина кај хематолошки болни пациенти. Упатувам голема благодарност за храброста, алтруизмот и хуманоста на донорот кој без двоумење прифати да дарува матични клетки.

Со овој чин, спасуваме човечки животи. Спасуваме животи на наши блиски, роднини, пријатели. На пациентот од Бугарија му посакувам побрзо закрепнување“, изјави директорот на Институтот, д-р Седула Усеини.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години може да дарува коскена срцевина во Институтот за имунологија и хумана генетика. Преку подигнување на свеста за хуманост, солидарност и запишување во Националниот дарителски регистар, секој граѓанин може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ваучери за храна, намалување на акцизите за горивата: Што се предвидуваат мерките на Владата за ублажување на кризата

Редакција

Поевтино сирење, млеко, мед… на Фејсбук

Редакција

“Не можеш по Чаир, удри по Скопје„: Твитер реакции за враќањето на полицискиот час

Редакција