еМагазин
Image default
Бизнис

ЕУ за сега тешко да ја „дигне“ рампата, препорака за затворање на границата со Србија и Косово се уште нема

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека се уште нема конечна препорака на Комисијата за заразни болести во врска со затворањето на границата со Србија и Косово.

-Има некои комплексни сложени ситуации во смисла на транзит, на ПЦР тестовите, некои информации недостигаат. Ќе биде важно да се продолжи со оваа консултација, бидејќи сите одлуки што ние или било кој во регионот и ЕУ ги носи во однос на границите се пред се водени од здравствен аспект.

Нема политика, нема пријателство, главната калкулација е епидемиолошката слика, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање.

Доколку денеска нема јасна препорака, додаде тој, треба да се продолжи со разговор за да се донесе одлука. Според него, се следи каква е состојбата во сите соседни земји.

Во врска со забраната за македонските граѓани за патување во земјите од ЕУ до исполнување на просекот од 20 нови случаи на 100 илјади жители во последните 14 дена, што би значело дека треба за тој период да има помалку од 400 новозаразени со Ковид-19, Димитров истакна дека доколку сите се придржуваме кон мерките побрзо ќе стасаме до исполнување на тој услов, кој, како што посочи, е еден од трите, согласно кои ЕУ ја формира белата листа за патување.

-Три клучни критериуми се битни за ЕУ во врска со белата листа за слободно патување. Со тоа што и во ЕУ ситуацијата се менува и не е исклучено да има извесни промени. Ова е еден вид просек иако има големи скокови и падови.

Првиот е земјата да е блиску или под дваесет нови случаи регистрирани во последните 14 дена на 100 илјади. Ако ние сме околу 2 милиони точна е таа калкулција.

Вториот е трендот на нови случаи во истиот период во спредба со претходните 14 дена да биде стабилен или опаѓачки.

Понатаму се зема предвид колку се тестира, дали само симптоматски или асимптоматски, колку се следат контактите, третманот и веродостојноста на информациите. Во овој контекст мислам дека е важно колку повеќе сите носиме маски, избегнуваме контакти, се дезинфикуваме, толку побрзо ќе дојдеме до овој праг од 400 нови случаи во период на 14 дена, истакна шефот на дипломатијата.

Димитров напомена дека забраната не важи за суштински патувања, како регулиран престој, образование, хуманитарни причини, семејно обединување…, а најави дека во контакт со земјите каде има најголем интерес од македонските граѓани да се утврдат протоколи за бизнис секторот кој има потреба да одржува состанок во некоја земја, како и за лицата кои имаат имоти во некои соседни држави.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија има вкупно 122 импортирани случаи на Ковид-19, последниот е од пред неколку дена

Од ЕУ не изолираа како глувци, среќни ли се конечно тие што не ги почтуваат мерките и тие што не веруваат во Ковид-19?

11 лица од новозаразените со корона вирусот неодамна патувале надвор од земјата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Катастарот за набавка на масло за горење вреден 48.000 евра

Редакција

Цената на струјата нема да се менува до крајот на годинава, рано е да се предвиди што после 1 јануари, вели Бислимоски

Редакција

За рудникот во Иловица ќе се расправа на следната владина седница

Редакција