еМагазин
Image default
Локално

Италијанка киднапирана од 19-годишник од Скопје, чувана заклучена во стан во Охрид

На 04.07.2020 во 04,00 часот во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р. Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р. Италија.

„Од полициски службеници од СВР Охрид излезено е на терен и во стан на ул. “Партизанска“ во Охрид, сопственост на Л.С.(60) од Охрид кој го имал изнајмено, била пронајдена П.М.Д., како и лицето Б.Ф. од Скопје, познаник на С.С.

Набргу С.С. и Б.Ф. се приведени во СВР Охрид. За настанот е запознат јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка на двајцата приведени им е одредена мерка во траење од по осум дена.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ се вели во билтенот на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професорот кој натерал ученик на натпревар да решава во име на неговиот син, шест месеци ќе зема помала плата

Редакција

Жена од Скопје пријавила дека наставник поттикнувал малолетник физички да го нападне нејзиниот син

Редакција

Трагедија во кумановско: Момче се удави во Пчиња, кај селото Шупли Камен

Редакција