еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Целосна фармацевтска грижа за пациентите во Клиниката „Жан Митрев“

Со почетокот на работа во новите простории во „Жан Митрев Клиник“ започна и реализацијата на фармацевтско клиничка услуга на пациентите, информираат од Клиниката.

„Со тек на времето оваа услуга прерасна во целосна фармацевтска грижа кон пациентите која опфаќа идентификација и следење на проблеми поврзани со терапијата на пациентите од нивниот прием, за време на престојот во клиниката, отпуст и понатамошно следење на промените кај пациентите по нивното заминување дома.

Целосна фармацевтска грижа за пациентите во Zan Mitrev Clinic

Целосна фармацевтска грижа за пациентите во Zan Mitrev Clinic

Posted by ZAN MITREV on Понеделник, 22 јуни 2020

Идентификацијата на проблемите поврзани со лековите фармацевтот ги прави во комплементарна соработка со здравствените работници-лекарите, пациентот и неговото семејство, а тие може да бидат:

-Идентификација на индикацијата

-Ефективост на терапијата

-Безбедност на терапијата

-Придржување кон терапијата.

За таа цел подготвен е план за фармацевтска грижа според кој фармацевтите на дневно ниво вршат контрола на пропишаната терапија на секој пациент индивидуално следејќи дали има потреба од администрација на пропишаните лекови, како и превенција од медицинска грешка со лекови.

Во клиниката е имплементирана и развиена програма за управување со антибиотици која вклучува контрола и превенција од инфекции и помага во обезбедување на соодветен третман на пациентот со соодветен антибиотик, со соодветна доза и соодветно времетраење на истиот.

На пример антибиотици кои се одобруваат или не согласно докажани интернационални препораки за безбедност и времетраење на антибиотска терапија.

Секако во првиот ден на хоспитализацијата се прави проверка и на соодветноста на терапијата која пациентот ја примал дома. Ефективноста на терапијата се базира на соработка со лекарите преку следење на клинички и хемодинамски параметри кај секој пациент.

Безбедност на терапијата во случај да има несакани ефекти, интеракции или намалено или зголемено дејство на лекот се прави корекција на терапија преку промена, корекција на доза, отстранување на соодветни лекови во консултација со лекар.

Од аспект на придржување кон терапијата се врши едукација на пациентот при отпуст, информирање на семејството за важноста од навремено, континуирано земање на терапијата за здравјето на пациентот при отпуст и понатамошно негово следење при посета за контрола и соодветни контакт информации за пријава на несакани ефекти од лекови.

Во „Жан Митрев Клиник“ се врши терапевтски мониторинг на концентрација на одредени лекови во крв (ванкомицин, гентамицин, дигоксин) со цел правилна индивидуализација на дозата кај пациентите, а воедно и превенција од субдозирање или токсичност со соодветниот лек.

Тоа се прави преку проверка на крв во лабораторија која треба да се земе во одреден временски интервал кој го дефинира фармацевтот.

Терапевтското мониторирање е достапно не само за хоспитализираните, туку и за секој надворешен пациент кој е на терапија со некој од овие лекови и може со претходна консултација со лекар или фармацевт, да се закаже термин за проверка со цел да се потврди дали пропишаната доза на лекот е во рамките на соодветност или ќе биде потребна корекција на доза која ја пресметува фармaцевт.

И ние се грижиме за вашето здравје!, велат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маргарита Цаца Николовска избрана за претседател, работната група за уставните измени ја одржа првата седница

Редакција

Ѓоковиќ долго време чувствувал психолошки проблеми по депортацијата од Австралија

Редакција

Здружение на јавни обвинители: Писмото од Русковска го нарушува угледот и Етичкиот кодекс на јавните обвинители

Редакција