еМагазин
Image default
Македонија

Триесет и двегодишен спортист од Кавадарци позитивен на коронавирусот

Триесет и двегодишен спортист од Кавадарци е новиот случај позитивен на коронавирусот, откриен при скрининг.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци, во изјава за МИА денеска нагласи дека се работи за спортист, кој тренира во спортски клуб во друга општина од Тиквешко и дека скринингот покажал оти сите други играчи се негативни на коронавирусот.

Младиот кавадарчанец бил со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се работи на утврдување на неговите контакти, со цел нивна изолација.

Од почетокот на пандемијата, во Кавадарци има 21 случај на коронавирусот, а во Росоман еден. Во Неготино 11, а во Демир Капија 10.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со претходни заболувања 25% од новозаболените со Ковид-19

14 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале надвор од Македонија

За една недела 66 лица до 19 години заболени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вангеловски: Со Заев сум се сретнал неколку пати, а тој се претставува како мој голем пријател

Редакција

Излезеноста во дијаспората до 10 часот е 7,71 процент, во затворите 30 отсто

Редакција

БНТ: Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Петков го посетила Скопје

Редакција