Директор на Клиниката за неврологија, Иван Барбов на својот Фејсбук профил синоќа соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и дека се наоѓа во домашна изолација.
“Вчера се тестирав заради контакт со неколку пациенти кои испаднаа позитивни, иако и тие и јас бевме со заштитна опрема.
Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација.
Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти.
Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории.
Почитувајте ги препораките и чувајте се“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
29,6% од заболените со Ковид-19 без симптоми, 64,1% имале контакт со потврден случај
Висока температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија
Ресен и Штип со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители
Фото: Фејсбук/Барбов