еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмладата пациентка која почина од Ковид-19 е од Јажинце, немала регистрирано претходни заболувања

Телевизијата Телма објави дека најмладиот пациент кој почина од Ковид-19 е 24-годишна девојка од село Јажинце, од тетовската општина Јегуновце, која немала регистрирано хронични болести.

Според телевизијата таа на Инфективна клиника во Скопје била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала два дена во Тетовската болница, каде дошла по една недела домашно лекување од Ковид- 19.

Не била на респиратор, а паралелно со корона вирусот и се појавиле и проблеми со срцето, по што и починала.

Во наредниве денови од Инфективната клиника ќе стапат во контакт со нејзиното семејство за да испитаат дали девојката имала претходно некакви здравствени проблеми кои можеби влијаеле ситуацијата со болеста да се влоши, објави Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓу новопочинатите и пациент на 24 години, најмлад кој починал поради Кови-19

Нераспределени 128 активни случаи на Ковид-19 во Скопје: Во кои општини има најмногу

Вкупно 376: Починаа уште 8 пациенти од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со полициски хеликоптер пренесен македонски граѓанин од Истанбул до Скопје по извршена операција

Редакција

Владата најави поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи

Редакција

Детален преглед: Активни и излекувани од коронавирусот по градови

Редакција