еМагазин
Image default
Македонија

Груевски се „јави“ во интервју за германскиот весник ФАЦ: Не се враќам во политиката, правда ќе барам во Стразбур

Поранешниот премиер и „омилен бегалец на Орбан“ како што го нарекува Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), во интервју за германскиот весник говори за делата што му се ставаат на товар и плановите за иднината, пренесува „Дојче веле“.

„Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се надева на правда по обвинувањата со кои се соочи во поранешната татковина, но истата планира да ја бара во Стразбур, пред Европскиот суд на правдата, а не пред македонските судови.

Со политика веќе нема намера да се занимава, вели Груевски во интервјуто за неделното издание на Франкгфуртер алгемајне цајтунг, негово прво за западен медиум по заминувањето од власт,“ пишува ФАЦ, пренесува „Дојче веле“.

За време на едноипол годишниот престој во Будимпешта, научил и малку унгарски, но со премиерот Виктор Орбан се сретнал само еднаш.

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Таргет-Тврдина“: Прислушувач се јавил кај прислушуваниот, наместо кај инспекторот

Редакција

Од 15 јуни МВР ќе издава регистарски таблици со NMK, намсто со МК

Редакција

Прифатено обвинението за „Рекет“: Наскоро ќе биде закажано првото рочиште

Редакција