еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ: Заев оди на одмор, Влада ќе се прави по Илинден

Од СДСМ информираат дека нивниот лидер, Зоран Заев од утре заминува на годишен одмор и дека тие ќе ја прават новата Влада, по Илинден.

“Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе.

Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија.

Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите.

После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ.

Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постизборен пазар во Македонија: Победникот или поитриот ќе формира Влада?

ДУИ „ќарила“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изгубиле пратенички мандати

За првпат партиите од албанскиот блок со 32 пратенички мандати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Некстсенс“ го доби тендерот на Фондот за здравство за одржување и надградба на софтверско решение вреден 440.000 евра

Редакција

(Фото) Снежна зимска идила на Попова Шапка

Редакција

Режисерот Милчо Манчевски му одржа лекција на скопскиот градоначалник Петре Шилегов

Редакција