еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Постизборен пазар во Македонија: Победникот или поитриот ќе формира Влада?

Сите карти се отворени по прашањето кој ќе биде мандатар на новата македонска Влада по објавувањето на неофицијалните конечни резултати од изборите.

Доколку нема значителни промени по периодот за приговори сегашните резултатите дозволуваат и двете поголеми партии да формираат Влада.

Имено, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ и други 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

Според резултатите, во Владата би требало да учествуваат СДСМ и ДУИ бидејќи освоија најмногу гласови меѓу партиите од условно кажано македонскиот и албанскиот блок.

Но, во Македонија се покажа дека победникот не мора по автоматизам да биде мандатар на Владата.

Имено, СДСМ на изборите во 2016 година освои помалку гласови отколку ВМРО-ДПМНЕ, но успеа да обезбеди пратеничко мнозинство во постизборните преговори по што ВМРО-ДПМНЕ прејде во опозиција.

Сега останува да се види дали довчерашните коалициски партии во Владата (СДСМ и ДУИ) по заострената предизборна реторика ќе најдат заеднички јазик во однос на барањето на ДУИ за премиер Албанец и на какви се отстапки се подготвени двете страни за да ја задржат власта.

При тоа треба да се земе предвид дека СДСМ има доволно гласови за да калкулира во однос на коалиција со ДУИ бидејќи може да има мнозинство пратеници и со останатите партии кои влегуваат во Собранието односно со ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива и Левица.

Од друга страна, ДУИ е единствениот избор на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата не може да оформи пратеничко мнозинство со останатите партии.

Досегашните искуства покажуваат дека ДУИ и Али Ахмети многу добро знаат како да играат на политичката сцена и затоа веќе две децении се на власт. Затоа, не би било чудно доколку партијата отстапи од барањето за Албанец премиер, но за возврат да бара поддршка за прв претседател Албанец на државата на следните претседателски избори или да „ќари“ повеќе министерски места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од ДИК: Коалицијата „Можеме“ доби 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, а ДУИ 15

Ќе „вриштат“ телефоните за постизборни математики: Левица и ДПА пресудни за нова Влада?

„Левица“ влегува во Собранието: Изненадување или очекуван револт кон класното општество

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево – лидер по посети од туристи за алтернативен, спортски и еколошки туризам

Редакција

Седум години затвор за татко кој ја продаде ќерка си за 6.000 евра

Редакција

Вкупно 1.397: Починаа уште 21 лице од Ковид-19

Редакција