Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски се излекува од корона вирусот.
„После четири дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид-19 повторно дома.
Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.
Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се преморени, деноноќно се борат за секој пациент, “ напиша Милошоски на неговиот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антонио Милошоски со покачена температура хоспитализиран на Инфективната клиника
фото: Фејсбук/Милошоски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.